ХОТЕЛ / АПАРТМАН

Понуда

Vila Jorgos - Dionisius

Прегледај Цени

Куќа „Јоргос“ е лоцирана кон крајот на Дионисиос во мирна уличка, на околу 100 метри од песочнатаплажа. Околу неа има слободни места за паркинг.Располагаме со неколку апартмани од кои еден е дуплекс апартман, што подразбира дека и двокреветните итрикреветните единици се со одвоена спална соба од комплетно опремената кујна. Истите се реновирани и убаво, квалитетно опремени. Дуплекс апартманот се состои од две одвоени спалнисоби со по еден брачен – француски кревет и две тераси, како и голема кујна во трета просторија.Сите имаат ЛЦД ТВ, сопствен тоалет. Интернетот и климата се вклучени во цената.
Во собите нема пешкири.

Координати: 40.250653, 23.254076

Напомени и услови:

  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денарска противвредност а по курс 1 евро = 62 мкд.
  • Вонсезонските цени се дадени (објавени) по лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Доплатата за 3 и 4 лице (во зависност од бројот на кревети) е задолжителна. За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума
  • Сезонските цени се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
    • За возрасни 3,100 денари (50 евра)
    • За деца до 11,99 години 2.170 денари (40 евра)
  • Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“ (за сите промени патниците ќе бидат навремено информирани) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција кон Македонија е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 50% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • При правење на резервација на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
  • Преземањето на собите е од 14-15 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин. Љубезно молиме да се почитуваме и ова правило.Туристичката такса која од лето 2024 година изнесува 1,5 евро на ден се плаќа на самото место
    • Туристичката такса која од лето 2024 година изнесува 1,5 евро на ден се плаќа на самото место

Достапни Хотели


Контакт информации :