ХОТЕЛ / АПАРТМАН

Понуда

VILA KIKI

Прегледај Цени
Куќа „Кики“ е лоцирана во најубавиот дел на почетокот на Неа Флогита, прва линија на море, на сама плажа. Има слободно место за паркинг околу неа. Располагаме со трикреветни, четирикреветни и петкреветен (дуплекс) апартман, сите се со директен, отворен поглед на море. Со комплетно опремени кујни, ЛЦД ТВ, сопствен тоалет. Интернетот и климата се вклучени во цената. Во собите нема пешкири. Напомени и услови: Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денарска противвредност а по курс 1 евро = 62 мкд. Вонсезонските цени се дадени (објавени) по лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Доплатата за 3, 4 и 5 лице (во зависност од бројот на кревети) е задолжителна. За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума Сезонските цени се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа: За возрасни 3,100 денари (50 евра) За деца до 11,99 години 2.170 денари (40 евра) Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“ (за сите промени патниците ќе бидат навремено информирани) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција кон Македонија е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата. Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот. За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 50% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки. При правење на резервација на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот. Преземањето на собите е од 14-15 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин. Љубезно молиме да се почитуваме и ова правило. Туристичката такса која од лето 2024 година изнесува 1,5 евро на ден се плаќа на самото место

Достапни Хотели


Контакт информации :