ХОТЕЛ / АПАРТМАН

Понуда

VILA NAUTIKA (eks Filoksenija)

Прегледај Цени

Куќа „Наутика“ е лоцирана на околу 100 метри од морето и песочната плажа, во најубавиот дел на Пефкохори. Студијата кои се наоѓаат на првиот и вториот кат од куќата се реновирани пред летото 2017 година. Тие се со комплетно опремени кујни, ЛЦД-телевизори, сопствен тоалет, клима и интернет, кои се вклучени во цената. Терасите се свртени кон улицата, или кон внатрешниот двор. Во собите има пешкири.

Координати: 39.989337, 23.611609

Напомени и услови:

  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денарска противвредност а по курс 1 евро = 62 мкд.
  • Вонсезонските цени се дадени (објавени) по лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Доплатата за 3 и 4 (во зависност од бројот на кревети) е задолжителна. За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума
  • Сезонските цени се дадени (објавени) за наем на цело студио за 7 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
    • За возрасни 3,100 денари (50 евра)
    • За деца до 11,99 години 2.170 денари (40 евра)
  • Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“ (за сите промени патниците ќе бидат навремено информирани) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција кон Македонија е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 50% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • При правење на резервација на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
  • Преземањето на собите е од 14-15 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин. Љубезно молиме да се почитуваме и ова правило.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци, без доплата на клима-уред,

Достапни Хотели


Контакт информации :