ХОТЕЛ / АПАРТМАН

Понуда

KATERUN LUXURY - NEA MODANJA

Вилата е одалечена околу 800м од центарот на Неа Модања и на околу 20-30 м.од плажа. Вилата е понова градба со уреден двор со тревна површина. Сите студија имаат тенди кои прават пријатни сенки во топлите денови.

Има еден кат и приземје и располага со 1/3 и 1/4 студиjа, единствен простор со кујна и кревети. Вкупно има 8 Студија од кои 4 се со еден брачен кревет и еден единечен кревет (како 1/3 студио), и 4 студија се со еден брачен кревет и еден кауч на извлекување (Во 1/4 соба третиот возрасен и сите деца спијат на кауч на развлекување). Сите соби се со сопствена бања со туш, комплетно опремена кујна, клима уред (користење вклучено во цена), ТВ, Сателитска ТВ со Total TV во секоја соба поединечно. Сите соби имаат балкон, и поглед на море. Постелнини и крпи се менуваат секој трет ден од престојот, собите се чистат секој ден, бесплатен интернет, располагаат со фен, сеф, луксузна кујна.

√ цена е за наем на СТУДИО за 2 лица

√  3-то возрасно лице во студио плаќа 70% од цена по лице (цена на студио подделена со 2 лица)

√ прво дете 2-11,99 во трокреветно студио со 2 лица е БЕСПЛАТНО (минимум две лица плаќаат за студио наем)

√  второ дете 2-5,99 во четворокреветно студио со 2 лица е БЕСПЛАТНО (минимум две лица плаќаат за студио наем)

√ второ дете 6-11,99 во четворокреветно студио плаќа 20% од цена по лице (цена на студио подделена со 2 лица)

 МАКСИМУМ КАПАЦИТЕТ: (согласно слобони капацитети – на барање)

• ТРОКРЕВЕТНО СТУДИО – ДВАЈЦА ВОЗРАСНИ И ЕДНО ДЕТЕ 0-11,99 ГОДИНИ. ДЕТЕ СОГЛАСНО НАПОМЕНА ВО 1/3 СТУДИО СО ДВЕ ВОЗРАСНИ ЛИЦА Е БЕСПЛАТНО БЕЗ СОПСТВЕН КРЕВЕТ (минимум две полноплатежни суми). • ЧЕТВОРОКРЕВЕТНО СТУДИО – РАСПОЛАГА СО ЕДЕН БРАЧЕН КРВЕЕТ И И СОФА КРЕВЕТ И МОЖЕ ДА СЕ СМЕСТАТ ДВАЈЦА ВОЗРАСНИ И ДВЕ ДЕЦА ДО 11,99 ГОДИНИ ИЛИ ТРИ ВОЗРАСНИ ЛИЦА И ЕДНО ДЕТЕ ДО 5,99.

РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ: * За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 10 дена пред започнување на аранжманот.

За време на патувањето и престојот во хотелот, гостите се должни да ги почитуваат мерките и правила согласно политика на хотелот истакнати и напоменати при влез во соба

Агенцијата оргранизатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa.  Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Организаторот не ја цени исправниост на патни документи.

Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода....), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Достапни Хотели


Контакт информации :