ХОТЕЛ / АПАРТМАН

Понуда

VILA ARGO - VRAHOS

Villa Argo е лоциранa на првата линија од објекти изградени долж шеталиштето крај долгата плажа на Врахос. Скалесто поставен врз падините на блискиот зелен рид, овој објект се карактеризира со повеќе убаво опремени студија и апартмани, сите ориентирани со  странични или директни погледи кон морето. Сите единици располагаат со мини кујни, спални соби, тоалети и балкони со гарнитури за седење, а апартманот на најгорниот кат со "француски балон" и најубава панорама кон морската шир. Близината на песочната плажа и шеталиштето, како и бројните туристички содржини во местото, ветуваат дека сместувањето во оваа вила е одличен избор за вашиот планиран летен одмор.

  • Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
  • Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
 

ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ  
- Употребата на клима уред (ac+) се доплатува 
7€ на ден во објектот (каде што е достапен), 
- Доплата за туристичка такса (се плаќа во објектот) 
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот. 

- Задолжително е патничко осигурување (можност за уплата во агенцијата, осигурување за 8 дена од 250 ден по лице).

Туристичка такса во Грција за 2024
*Цената е изразена од соба по ноќевање

                                   Ноември-Фебруари                         
Март-Октомври

Хотел 1/2*:                           0,5 €                                             1,5 €
Хотел 3*:                              1,5 €                                             3,0 €
Хотел 4*:                              3,0 €                                             7,0 €
Хотел 5*:                              4,0 €                                           10,0 €
Апартмани/Студија:            0,5 €                                             1,5 €
Вили:                                    4,0 €                                           10,0 €

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
 Цена на повратен автобуски превоз: 70 EUR (50 EUR за дете 2 до 12 год.)


Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
- Скопје, во 00:30 ч. (паркинг на спортскиот центар "Борис Трајковски")
 
Поаѓање од Грција: 
- Истиот ден попладне.


- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови. 
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување. 
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ
*
Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и
 одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од
 вашиот оператор
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети. Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите
* Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
* Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување.
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите
Секоја промена на резервација се наплатува 10 € .

Достапни Хотели


Контакт информации :