Авионска тура за Истанбул во ноември (20.11-23.11.2025)
цена од
499
EUR
сега од
399
EUR
План и програма
Состанок на групата во догооврено време (2 часа пред лет) на Скопскиот Аеродром. По слетувањето во Истанбул, поаѓање кон хотел-организиран трансфер, сместување. Време за одмор околку 2 часа. Состанок на групата во договорено време пед хотел и упатување кон рерализација на факултативнит излет-посета на Минијатурк и Ортаќој.
Миниатурк е доказ за богатата историја и архитектонската величина на Турција.
Овој музеј на отворено, лоциран во Истанбул, прикажува прецизно изработени минијатури на познати знаменитости од целата земја.
Секоја минијатурна структура е придружена со детални информации за нејзиното историско значење.
Слободно време за прошетка низ Миниатурк – 45 мин до 1 час.
По посета на Миниатурк се упатуваме кон Ортаќој.
Првиот ден ни завршува со посета на Ортаќој .
Кога веќе зајдисонцето наближува,денот го завршуваме во Ортаќој
Сместен на брегот на Босфор , денот го завршуваме со прошетка уживајќи во едно од најубавите зајдисонца .
Враќање во хотел.
Ноќевање.
Појадок.
Балат
Балат важи за една од Христијански те населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонски мајстори, и кадешто е закопан Патреније Зоографски.
По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.
Областа Таксим
Турата завршува со посета на областа “Tаксим”. Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај!
На Истакал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулињ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време состанок на групата пред хотел. Се упатуваме кон реализација на целодневни факултативни излети.
Крстарење по Босфор
90 минутно крстарење, незаборавно дружење и доживување,еден поинаков Истанбул,сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште ,има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.
Бејлербеи
Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската облас. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски преку многубројните соби и хали.
Палатата Ќучуксу
Павилјонот Ќучуксу е летна палата во Истанбул. која ја користеле османлиските султани при своите кратки престојувања и кога оделе на лов.
Сместена во населбата Ќучуксу во областа Бејкоз на азискиот брег на Босфор, малата палата е дизајнирана од Никогос Балјан и завршена во 1857 година.
Павилјонот се состои од два главни ката и подрум со кујна, сала и службенички простории. За разлика од другите градини на палатата со високи ѕидови, нејзината градина е опкружена со огради од леано железо со една порта на секоја од четирите страни.
Во почетокот на републиканската ера, локацијата неколку години се користела како државен пансион. Од темелната реставрација во 1944 година, палатата е отворена за јавноста како музеј.
Кадиќој
Ќадиќој е една од најпознатите области во Истанбул, Турција. Се наоѓа на анадолската страна од градот, на брегот на Мраморно Море.
Денеска, овде се наоѓаат едни од најголемите станбени и финансиски центри во градот.
Претсавува живописен квартал на азиската страна на Истанбул, познат по шарените улици и раздвижените пазари. Прошетајте по улицата Bahriye, која е полна со шарени кафулиња и продавници.
Можете да пробате одлични баклави или други десерти во некои од овие кафулиња или да застанете за одлично кафе.
Чамлиџа-џамија
Денот го завршуваме со посета на една од најголемите и најубавите џамии во Истанбул.
Пауза за уживање и фотографирање.
Враќање кон хотел.
Ноќевање.
По појадокот во хотелот следува одјавување од хотел. По самото одјавување групата заедно со туристичкиот придружник го започнува својот пешачки разгледе,oдносно се уплатуваат на пешачка тура, која вклучува посета на Капали Чаршија, плоштадот кадешто се нашоѓаат Аја Софија и Сината Џамија. (Влегувањето во Аја Софија е индивидуано бидејќи влезница е околу 30 евра, влегување во Сината џамија групно.) Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време враќање заедно до хотел, си ги подигнувате куферите од рецепција и уплатување кон Аеродром.
Важно
Задолжителна проверка на пасошот.
Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турција и да е од новите пасоши со Р.С.Македонија.
Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари.
За сингл соба се доплатуваат 40 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет.
СЕКОЈ ПАТНИК ИМА ПРАВО НА РАЧЕН БАГАЖ.
Деца до 11,99 години плаќаат 299 евра доколку се придружувани со двајца возрасни
Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
Резервации за одреден кат или страна не е можна.
Организаторот на патувањето е одговорен за реализација на факултативните излети и програмата и истиот може да го промени редоследот на факултативните излети или да ја откаже реализацијата и да направи соодветна промена или замена за факултативен излет на некои од нив зависно од временските услови или од несакани ситуации како забрана за движење на определени места во одреден период.
Факултативни излети
Вклучени во цена
Цена за пакет:
Миниатурк и Ортаќој
Балат и Областа Таксим
Крстарење по Босфор, Бејлербеи, Палата Ќучуксу, Кадикој, Чамлиџа Џамија
Што е вклучено во цената
Директен лет на релација Скопје –Истанбул- Скопје
Мала кабинска торба со димензии 40x25x20cm;( дозволено едно парче багаж )
Три ноќевања и појадок во хотел со 2 или 3*
Туристички придружник
Аеродромска такса
Факултативни излети
*Миниатурк и Ортаќој
*Балат и Областа Таксим
*Крстарење по Босфор, Бејлербеи, Палатата Ќучуксу, Кадикој, Чамлица Џамија
Организиран трансфер од Аеродромот во Истанбул до хотел и назад
Што не е вклучено во цената
Индивидуални трошоци
Патничко осигурување
Чекиран багаж-куфер