23 ти Октомври - БУДИМПЕШТА со ВИЕНА
22.10. – 26.10.2025 / 2 ноќевања
ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 149 €
РЕДОВНА ЦЕНА – 189 €
Ден 1
Wednesday
1 ден (22.10.2025 - среда) - СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА
Состанок со групата во Скопјe во попладневните часови. Ноќно возење преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Ден 2
Thursday
Thursday
2 ден (23.10.2025 - четврток) – БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Следува разглед на градот со локален водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Сместување во хотел. Слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.
Ден 3
Friday
Friday
3 ден ( 24.10.2025 – петок)- БУДИМПЕШТА – ВИЕНА
Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални прошетки низ Будимпешта или можност за целодневна факултативна посета на Виена. Панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Слободно време за индивидуални прошетки во центарот на Виена. Во договорено време враќање кон Будимпешта. Ноќевање.
Ден 4
Saturday
Saturday
4 ден (25.10.2025 – сабота) БУДИМПЕШТА – СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и упатување кон прекрасното градче Сенат Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Следува разглед на градчето заедно со представникот од агенцијата...Слободно време за индивидуални прошетки и кафе . Во договорено време враќање назад во Будимпешта каде што следува крстарење со брод по Дунав (факултативно). По договор со претставникот, поаѓање за Скопје. Ноќно патување преку Србија, со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Ден 5
Sunday
Sunday
5 ден (26.10.2025 – недела) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.
Во цената на аранжманот e вклучено :
- Превоз со туристички автобус на дадените дестинации,
- Сместување во хотел 3* во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок,
- Професионален туристички придружник од агенцијата,
- Организација и реализација на аранжманот
Во цената на аранжманот не е вклучено :
- Факултативи
- Влезници за музеи и културно – историски споменици
- Патничко осигурување
- Доплата за еднокреветна соба 75 еур.
- Туристичка такса 2,5 еур по лице од ноќ
ФАКУЛТАТИВИ :
- Разглед на Будимпешта со локален водич – задолжителна факултатива- 15 €
- Крстарење со брод по Дунав – 25 €
- Посета на Виена – 40 € (минимум 30 патника за реализација на факултативата)
- Посета на Сент Андреа – 20 €
ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ : 75 € по лице (без разглед на Будимпешта )
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
- Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
- Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
- Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
- За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
- За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
- Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот
- Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
- Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А.