РОМАНТИЧЕН БОЖИЌЕН МАРКЕТ ВО ТИРОЛ
ТРЕНТО-МЕРАНО-БОЛЦАНО-ИНСБРУК
(Совршен спој на италијанската и австриската култура)
(04.12.2025 – 09.12.2025)
Алпската област Тирол е поделена меѓу две земји: Австрија и Италија... И двата дела наликуваат еден на друг: преубави барокни градови, автентична архитектура измешана со природните убавини на Алпите кои над тиролските долини се издигнуваат кон небото... Малите италијански градови Тренто, Мерано и Болцано со својата убавина го одзимаат здивот, додека Инсбрук, главниот град на Тирол во Австрија е познат по својот преубав историски центар над кој доминираат волшебните алпски масиви...
Прв ден: 04.12.2025 (четврток)
12:00 часот заминување на групата од Кавадарци и во 13:30 часот од Скопје кон Италија со туристички автобус. Дневно и ноќно патување преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи.
Втор ден: 05.12.2025 (петок)
Пристигнување околу пладне во Тренто, градот сместен во јужниот дел на Трентино, област во Италија каде се испреплетуваат стилови од австриската готика и италијанската ренесанса, алпскиот бисер за кој во минатото војувал дури и Наполеон Бонапарта. Денес градот кој лежи на левата страна на реката Адиџе е бисерот на северна Италија и престолнина на целата област, препознатлив по симболите кои ни времето ни луѓето кои се менувале не успеале да ги уништат. Сместување на групата во хотелот „Everest“ 3* (https://www.hoteleverest.it/) кој се наоѓа во централното градско подрачје, на само неколку минути од еден од најубавите плоштади во Италија „Duomo“. Слободно време за одмор од патувањето. Во попладневните часови индивидуални прошетки низ улиците на градот кој ќе Ве врати во сосема друга епоха. За него велат дека наликува на стара дама која се мажела два пати... Од првиот маж, Австриецот ги прифатила прецизноста и дисциплината, а од вториот маж, Италијанецот ја превзела страста кон модата и чувството за пријателство. Топло добредојде ќе ни посака прочуената фонтана Нептун, неизбежниот симбол на сите разгледници која го добила името по истоименото римско божество, а на неколку чекори од неа се куќите на познатите италијански фамилии Balduini I Cazuffi украсени со преубави фрески. Тука е и прочуената кула која гордо „лета“ во небото, градската катедрала „San Vigilio“ која го добила името по заштитникот на градот, цркви и манастири градени во ренесансен и римски стил. По организираниот разглед слободно време за индивидуални прошетки низ улиците на Тренто кои се украсени со празнични светла, а на две места во стариот град се поставени живописни дрвени колиби. Секоја година божиќниот пазар во Тренто плени со своите локални производи и ракотворби, идеи за подароци и божиќни декорации кои во комбинација со деликатесите од Тренто, го направи познат како „Божиќен град“ (Città del Natale). Идеален за прошетки, нуди широк избор на домашни производи и традиционални гастро специјалитети...тука секако дека треба да го пробате Tortel de Patate, познатото јадење направено само од три состојки: компир, масло и сол. Ноќевање.
Трет ден: 06.12.2025 (сабота)
Појадок. Заминување на целодневен излет кон градовите Мерано и Болцано. Во непосредна близина на границата со Австрија се наоѓа Мерано, најубавата и најпозната термална бања на „сончевата страна на Алпите“ и една од најпознатите бањи во светот во чија околина има 52 дворци од кои повеќето се преадаптирани во хотели, а во срцето на градот има 25 надворешни и внатрешни базени. Благодарение на Австро-унгарската царица Елизабета позната како Сиси, овој град прераснал во елегантно и луксузно место уште во 19. Век... Средновековен шарм и елеганција, готска катедрала, ботанички градини, бројни улици со аркади и дворци се само некои од атракциите во градот за кој дури и писателот Франц Кафка запишал дека е еден од најубавите области на северот од Италија кој некогаш го видел. Во самиот центар на градот во 15. Век Австрискиот војвода Zigmund го изградил замокот Principesco кој до денес го отсликува животот во средниот век. Слободно време за индивидуални прошетки низ божиќниот пазар во Мерано кој обезбедува магична атмосфера за која локалние жители велат: Ја сакаме интимноста, но знаеме и како да се забавуваме. Живееме во Божиќна атмосфера полна со емоции и се надеваме дека ќе Ви ги пренесеме и Вам... Срцето чука на Божиќниот пазар во Мерано, а духот може да се почувствува во целиот град, целата територија и меѓу неговите луѓе. Во прекрасниот спа-град Мерано шеталиштето покрај реката Passer е исполнето со тезги на кои се нудат божиќни украси и традиционални локални производи . Сè е магично овде: мирисот на цимет и зачини што потсетуваат на домашни колачи, меките светла и украсената елка, веселата атмосфера... Потоа заминуваме кон Болцано, шармантен град кој се наоѓа на листата на најдобри места за живеење во Италија, еден од најголемите градови во Алпите. Тука, на едно место ќе го видиме спојот на австриската и италијанската култура, но и неверојатниот контраст на модерното и традиционалното. Прошетка низ главниот градски Валтеров плоштад и низ улиците низ кои доминираат пастелно обоени фасади на зградите. Слободно време за уживање во главната трговска зона на градот со интересни продавници сместени на стаклените кровови ... Сместен во срцето на Доломитите, Божиќниот пазар во Болцано е еден од најубавите во Италија. Историскиот центар на градот е претворен во зимски рај, со украсени дрвени куќи кои нудат рачно изработени сувенири, локални деликатеси и греано вино. Саемот нуди единствена комбинација од алпски и медитерански традиции и е искуство кое ги вклучува сите сетила: мириси на божиќни зачини и греaно вино, украсени дрвени колиби и празничните светла кои создаваат магична атмосфера. Градот оживува со традиционална музика и радосни гласови што го придружуваат на секој чекор. Секој агол од градот зрачи со топлина и добредојде, давајќи им незаборавни емоции на оние кои ќе одлучат да се потопат во оваа празнична атмосфера. Во вечерните часови враќање во хотелот во Тренто. Ноќевање.
Четврти ден: 07.12.2025 (недела)
Појадок. Заминување на целодневен излет во Австрија. Разглед на Инсбрук, градот во кој се сретнуваат минатото и иднината, градот на алпските зимски спортови, градот кој можете да го запознаете дури кога ќе зачекорите во него. Најголемата негова атракција е зградата со златен кров чиј балкон е покриен со позлатени бакарни плочки. Постои приказна дека е изградена во 1500 година во чест на царот Максимилијан кој се женел два пати, а на овој балкон е отсликан неговиот живот со двете жени. Царот уживал од овој балкон да ги гледа турнирите кои се одржувале на плоштадот. По организираниот разглед слободно време за индивидуални прошетки и можност да ја доживееме традиционалната, романтична и празнична божиќна атмосфера во Инсбрук. Шарените тезги на божиќниот пазар се сместени помеѓу атрактивните средновековни згради, а улиците се трансформираат во бајковита лента. Но бидете внимателни, на примамливите ароми од греано вино и вкусните закуски е речиси невозможно да им се одолее. Во доцните попладневни часови враќање назад во хотелот во Тренто. Ноќевање.
Петти ден: 08.12.2025 (понеделник)
Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Македонија. Пристигнување во вторник, на 09.12.2025 во раните утрински часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........429 евра (26.600 денари)
(плаќање во денарска противвредност)
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
- Превоз со туристички автобус
- Три ноќевања со појадок во хотел „Everest“ 3*** во Тренто
- Организирана посета на Мерано, Болцано и Инсбрук
- Туристички водич за време на сите разгледи
- Организација на патувањето и лиценциран туристички придружник
Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:
- Туристичка такса во Тренто – 2 евра по лице од вечер (се плаќа во агенцијата)
- Доплата за еднокреветна соба – 90 евра ( за трите ноќевања)
- Патничко осигурување
За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патни