АТИНА за 8ми Декември 
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 4 дена / 2 ноќевањa
04 декември (четврток) СКОПЈЕ – АТИНА
Состанок на паркингот кај СЦ “Борис Трајковски” во 20:30 часот. Поаѓање кон Грција во 21:00 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица - Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.
05 декември (петок) АТИНА
Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол, новиот Акрополски музеј, Плака... Сместување во хотел. Слободно попладне можност за индивидуални прошетки по Плоштадот Синтагма, улицата Еρму и паркот „Технополис“каде се одржуваат празничните настани, а целата атмосфера е дополнета со жива музика, светлосни проекции и уметнички настапи. Навечер Атина се претвора во бајковита сцена полна со светла, мирис на цимет и звуци на празнични песни. Во срцето на градот, Божиќниот маркет ги пречекува посетителите со дрвени куќички преполни со рачно изработени украси, уникатни подароци и вкусни грчки празнични деликатеси. Ќе уживате во топол греанo вино или традиционален грчки „меломакароно“ (медено колаче), додека децата се забавуваат со празнични работилници, лизгалиште на мраз и фотографии со Дедо Мраз. Ноќевање.
06 декември (сабота) АТИНА – ПЕЛОПОНЕЗ
Појадок. Факултативен излет на Пелопонез и областа Арголида, со посета на: Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна, како и можност за посета на работилница - продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина можност за факултативна вечера во таверна на Плака, со богата уметничка програма и мени од грчката кујна. Ноќевање.
07 декември (недела) АТИНА – МЕТЕОРИ – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотели и 1аминување од Атина кон Тесалија и градчето Каламбака. Во неговата непосредна близина се наоѓаат прочуените манастири Метеори. Како изникнати во непрегледната рамнина се издигаат мноштвото високи камени карпи, врз чии врвови уште од средниот век христијанските монаси ги изградиле едни од највпечатливите манастири во светот. Посета на некој од отоворените манастири, нивните цркви, музеи и сувенирниции, со несекојдневна можност за уживање и во прекрасните панорами. Патувањето продолжува кон Македонија со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.
Во претпродажба за ограничен број на места: 139€ (8.618мкд) со вклучени 2 разгледа (Атина и Метеори)
Цена на аранжманот: 189€ (11.718мкд) со вклучени 2 разгледа (Атина и Метеори)
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со автобус на наведената релација
- Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок
- Панорамски разглед на градот со локален водич
- Организиран разглед на Метеори
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Влезница за Акропол околу 12€ (цената е променлива)
- Влезници за Микена и Епидаурус, околу 12€ (цената е променлива)
- Туристичка такса 1.5-5€ по соба од ден, наплата на рецепција во хотел (цената е во зависност од периодот на престој)
- Факултативна вечера во национален ресторан
- Влезници за музеите и културно-историските споменици
- Организиран разглед на Пелопонез и Арголида 35 €
- Патничко здраствено осигуривање
НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А