БАРСЕЛОНА ЗА НОВА ГОДИНА 2026 
Барселона – кралицата на Каталонија, освојува уште на прв поглед. Град со прекрасна архитектура, град кој го воодушеви Пикасо, градот на Гауди, Хуан Миро, Колумбо, паељи, град на современиот дизајн, град на брегот на Средоземното Море, град кој го крие звукот на брановите и тајните на морнарите, град каде мирисот на морето Ве опива и заведува.
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 5 дена / 4 ноќевањa
Барселона – кралицата на Каталонија, освојува уште на прв поглед. Град со прекрасна архитектура, град кој го воодушеви Пикасо, градот на Гауди, Хуан Миро, Колумбо, паељи, град на современиот дизајн, град на брегот на Средоземното Море, град кој го крие звукот на брановите и тајните на морнарите, град каде мирисот на морето Ве опива и заведува. Само еден ден, секако не е доволен да ја доживеете магичноста со која Ве мами оваа кралска убавица. Улицата Рамбла е најпознатата авенија не само во Барселона, туку и во цела Шпанија. Големиот Аквариум е втор по големина во Европа. Тука се и брдото Мон Жуик, катедралата Саграда Фамилија, стадионот Ноу Камп, Магичните фонтани.. Сите тие се само дел од најпознатите туристички атракции на оваа убавица, кои ќе допринесат Вашиот престој да се вреже длабоко во Вашите спомени.
28 декември (недела) СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 16:50 часот. Лет за Барселона W6 4737 во 18:50ч. Пристигнување во Барселона во 21:40 часот. Трансфер до хотелот. Превземање на собите и сместување. Ноќевање.
29 декември (понеделник) БАРСЕЛОНА (панорамски разглед)
Појадок. Трансфер и панорамски разглед на градот со локален водич: Нурнете се во архитектонските бисери на Барселона. Доколку сакате да ја откриете Барселона преку делата на модернистичкиот архитект Антонио Гауди, започнете од импресивната Саграда Фамилија (не вклучува влез во базиликата), учејќи ја нејзината историја и симболика, восхитувајте се на сложениот екстериер исполнет со детали инспирирани од природата. Запознавајќи се со животот на Гауди и неговата приказна, навлегувајќи во неговата имагинација која е отсликана во “Каса Батљо“ ќе бидете воодушевени од мајсторскиот допир на архитектот низ целата оваа единствена резиденција „Каса Батљо“ каде живеело семејството Батљо. Разгледот продолжува до останатите знаменитости на Барселона, како што се најпознатата улица Рамблас која е жива улица во срцето на Барселона, дом на бројни атракции што ги пленат туристите и локалното население. Разгледот продолжува до Арко дел Триунфо, Ф.К. Барселона – Ноу Камп стадионот, Монжуик, „Мирадор де л'Алкалде“ или плоштадот „Пласа Каталуња“. Слободно време за индивидуални прошетки и активности... Ноќевање.
30 декември (вторник) БАРСЕЛОНА (Сиутадела Парк, Побле Еспањол, Магичните Фонтани)
Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки низ Барселона или можност за прошетка со придружникот со јавен превоз низ паркот Сиутадела, кој е многу идиличен и веројатно најзелената оаза во Барселона. На територијата на Парк де ла Сиутадела има неколку атракции: зоолошката градина, Каталонскиот парламент. Музејот на модерна уметност се наоѓа во зградата на парламентот. Посетата на Побле Еспањол сместен многу близу до фонтаните Монжуик, ја открива различноста на Шпанија. Создаден од желбата да се концентрира душата на Шпанија во еден единствен простор. Денес, повеќето од неговите градби остануваат недопрени и се репродукции во размер на згради, плоштади и улици од различни региони на Шпанија. Шетајќи низ Побле Еспањол, ќе откриете занаетчии што можете да ги гледате во живо додека работат, како и да гледате дела од современа уметност од универзални личности како Дали, Пикасо, Миро о Гиноварт. Посета на магичните фонтани на брдото Монжуик кои се реновираат од Април 2025 и се очекува првото шоу да биде во Септември 2025. Ако сè оди според планот, Магичната фонтана повторно ќе биде централен дел од свеченостите на Мерсе, нудејќи спектакуларни прикази на светлина, музика и вода. Слободно време за индивидуални активности... Ноќевање.
31 декември (среда) БАРСЕЛОНА | ГИРОНА – ФИГЕРЕС
Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки низ Барселона или можност за посета на уметничките градови Гирона и Фигерас. Очекувајте ден исполнет со култура и уметност. Панорамски разглед на Гирона прекрасната катедрала, која има најширок готски наос во светот. Импресивниот еврејски кварт, фасцинантните мостови преку реката Оњар и Ла Рамбла де ла Либертат исто така ќе бидат видени. Заштедете време за истражување и шопинг. Но, патувањето до Гирона не би било комплетно без да се упатите кон Фигерес. Родното место на Салвадор Дали. Таму се наоѓа театарот и музејот посветен на надреалистот Салвадор Дали. Отворен е во 1974 година и содржи огромна колекција уметнички дела. Целодневна екскурзија со придружба на локален водич. Враќање во Барселона. Можност за Новогодишна прослава на некој од плоштадите во Барселона. Ноќевање.
01 јануари (четврток) БАРСЕЛОНА – СКОПЈЕ
Појадок. Одјава од хотел. Слободно време за индивидуални активности и прошетки низ Барселона. Препорачуваме: Стариот град на Барселона, познат како Сиутат Вела, е историското срце на градот и опфаќа неколку населби како што се готскиот кварт, Ел Равал, Ел Борн (Модерна област со мешавина од бутици, ресторани и историски места како црквата Санта Марија дел Мар) и Барселонета (населба покрај море, со жива атмосфера, популарна по своите плажи и ресторани со морска храна). Тоа е место каде што можете да ги истражите римските урнатини, средновековните улици и модернистичката архитектура. Трансфер до аеродромот во Барселона во 19:00ч. Лет за Скопје W6 4738 во 22:15ч. Пристигнување во Скопје во 01:00 часот, наредниот ден 26.10.2025 рано наутро.
Во претпродажба за ограничен број на места: 599€ (37.138мкд) со вклучен разглед
Цена на аранжманот: 649€ (40.238мкд) со вклучен разглед
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Авионски превоз на релација: Скопје – Барселона - Скопје (со Wizz Air) со вклучени аеродромски такси.
- Сместување во центар на Барселона, Хотел Evenia Rocafort 3* - 4 ноќевања со појадок
- Панорамски разглед на градот Барселона со локален водич
- Рачна торба торба (20x40x30cm), до 10кг.
- Oрганизирани трансфери во Барселона: аеродром - хотел - аеродром
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Здравствено - патничко осигурување
- Туристичка такса: 3-5€ по лице / ноќевање, се наплатува на рецепција.
- Wizz Priority со голема кабинска торба 55*40*23cm до 10кг
- Пријавен багаж до 20кг – информација во агенција
- Пријавен багаж до 32кг – информација во агенција
- Доплата за седишта еден до друг – информација во агенција
- Прошетка и посета на Сиутадела Парк, Побле Еспањол, Магичните Фонтани
- Факултативна посета на Гирона и Фигерас со локален водич, приватен превоз и влезница - 119€
- Доплата за 1/1 соба – 279€
- Билети за превоз со метро
- Влезници за културно-историските споменици
НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
- За реализација на факултативните посети, потребен е минимум од 15 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А