ХОТЕЛ / АПАРТМАН

Понуда

ПАРИС-АВИОН-18-21.10.25

ПАРИЗ 18.10.2025 – 21.10.2025 

ПАРИЗ 4 ДЕНА / 3 НОЌИ – АВИОНСКИ ПРЕВОЗ

 

Распослан на бреговите на реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како „Град на светлината“, претставува политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој се наоѓаат седишта на бројни меѓународни организации. Поради својата историја долга два милениума, Париз отсекогаш бил место на значајни историски случувања, како и собиралиште на најпознатите светски уметници. Големиот број знаменитости и туристички атракции, како што се дворецот Версај и Фонтенбло, катедралата Нотр Дам, црквата „Сакре Кер“, музеите Лувр, Орсеј и многу други, ќе го направат Вашиот престој во овој град-музеј навистина незаборавен. 

 

1 ден – 18.10.2025 (Сабота) Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10:30 ч. Полетување за Париз во 12:30 ч., слетување во 15:30 ч. Организиран трансфер со автобус до градот со вклучен краток панорамски разглед: Arc de Triomphe, Place de la Concorde, Champs-Élysées, Assemblée Nationale, Les Invalides & Napoleon's Tomb, Tuileries Garden. Сместување во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.

2 ден – 19.10.2025(Недела) Појадок. Организирано поаѓање со автобус кон новиот дел на Париз – La Défense. Слободно време за прошетки, разгледи и шопинг или (факултативно) екскурзија до Версај. Од новиот дел се продолжува кон Ајфеловата кула. Краток одмор за фотографирање на Трокадеро. Слободно време за посета на Ајфеловата кула. Враќање во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање . 

3 ден – 20.10.2025 (Понеделник) Појадок. Организирано поаѓање кон Латинскиот кварт: посета на Пантеон (однадвор), Луксембуршките градини и Богородичната црква (однадвор). Потоа следи посета на Бастиља и Опера Гарние. Разгледот продолжува кон Монмартр, со посета на црквата „Свето Срце“ и плоштадот на уметниците. Разгледот завршува со кратка посета (однадвор) на Мулен Руж и слободно време за фотографирање. Факултативно организирана посета на Лувр, а навечер и крстарење со брод по Сена. Враќање во хотел. Ноќевање. 

4 ден – 21.10.2025 (Вторник) Појадок. Поаѓање кон Големите булевари „Хосман”. Слободно време за шопинг и прошетки во околината на галеријата „Лафајет“ и музејот за парфеми „Фрагонар“. Поаѓање од Париз во 12:00 ч. Полетување во 16:10 ч. од Париз, слетување во Скопје во 18:30 ч. 

Во цената се вклучени следниве услуги: 

Авио билет на релација Скопје-Париз-Скопје со Wizzair Аеродромски такси Бесплатен багаж 40x30x20 cm

3 ноќевања со појадок во хотел со 3* од ланецот на IBIS 

Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно

Организирани панорамски разгледи на градот со автобус

Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз Туристичка такса 

 

Во цената не се вклучени следниве услуги: Превоз со метро и автобус во Париз (цена околу 17€ карнет за 10 возења)

Влезница за Ајфелова Кула ,влезница до 2-риот кат 28€, 

Влезница за Лувре 25 € , за деца над 10 години 15 еур

Влезница за брод по Сена на лице место се плаќа околу 25 еур 

Патувањето до Версај чини 15 еур ( за деца над 10 години 7 еур)

Влезница за дворецот Версај и градините 35 еур (за деца над 10 години 20 еур) 

Важна информација: Сите резервации за екскурзиите се закажуваат пред поаѓање 

Општи услови:        Плаќањето е задолжително во денари (1€ =62 ден) ;  За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување За реализација на аранжманот и екскурзиите потребен е минимум од 20 патници Цените кои се горе наведени за влезниците во објектите може да претрпат промена, не се загарантирани .Редоследот на разгледувања во горенаведената програма можно е да претрпи некои промени и тоа се во зависност од временските услови или договор со патниците За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А.

Контакт информации :