ХОТЕЛ / АПАРТМАН

Понуда

Villa Eleni

Villa Eleni

 

Крф Лето 2025

Остров познат како “Зелениот Смарагд”

 

Од линиите на националното знаме до варосаните коцкасти вили и пенливото море, Грција носи сино – бела униформа, но Крф додава дополнителна боја во мешавината – зелена.  Познат како “Зелениот Смарагд“, вториот по големина од Јонските Острови е покриен со бујна вегетација, зелени површини, сафирно сина боја на морето, а населението е со многу мирен и отворен дух за туристи кои ги сакаат музиката и танцот, празниците кои се слават со фешти, особено за велигденските празници.

Богат со разновидна историја, го прави еден од најубавите острови во Грција. Со архитектура која го има шармот на Париз, Венеција и Лондон. Големиот број на тесни улички со куќи се речиси непроменети до денес, со цел да се задржи автентичноста и карактерот на градот. Малите улички му даваат посебна отменост на стариот град, наместа се толку тесни што можете со раширени раце да ги допрете куќите од двете страни. Изобилува со мали фонтани и плоштади, старите млетачки куќи во кои денес се сместени многубројните таверни, галерии и продавници за сувенири, бројни цркви.

 
 
 

ТЕРМИНИ

БРОЈ НА НОЌЕВАЊА

ПРОМО ЦЕНА / Редовна цена по лице

  • 24.05 – 31.05.2025

7 ноќевања

109 € / 139 €

  • 31.05 – 07.06.2025

7 ноќевања

129 € / 159 €

  • 07.06 – 14.06.2025

7 ноќевања

139 € / 169 €

  • 14.06 – 21.06.2025

7 ноќевања

189 €

  • 21.06 – 28.06.2025

7 ноќевања

209 €

  • 28.06 – 05.07.2025

7 ноќевања

219 €

  • 05.07 – 12.07.2025

7 ноќевања

239 €

  • 12.07 – 19.07.2025

7 ноќевања

259 €

  • 19.07 – 26.07.2025

7 ноќевања

299 €

  • 26.07 – 02.08.2025

7 ноќевања

299 €

  • 02.08 – 09.08.2025

7 ноќевања

299 €

  • 09.08 – 16.08.2025

7 ноќевања

299 €

  • 16.08 – 23.08.2025

7 ноќевања

299 €

  • 23.08 – 30.08.2025

7 ноќевања

269 €

  • 30.08 – 06.09.2025

7 ноќевања

239 €

  • 06.09 – 13.09.2025

7 ноќевања

219 € / 229 €

  • 13.09 – 20.09.2025

7 ноќевања

179 € / 199 €

  • 20.09 – 27.09.2025

7 ноќевања

159 € / 179 €

 

Villa Eleni

 

Вилата Елени се наоѓа во мирниот дел на Ипсос, на 250 метри од плажата.

Вилата располага со двокреветни студија. Сите соби имаат комплетно опремена мини кујна со решо, основен прибор за соодветниот број на лица, фрижидер, тоалет, ТВ, тераса и интернет конекција. За секој патник следува по еден пешкир, додека основните лични средства за хигиена се на ваша одговорност.

Базенот е достапен за гостите со бесплатна лежалка. Постои можност за изнајмување на клима која се доплатува на лице место и изнесува 7 евра од ден.

Контакт информации :