ХОТЕЛ / АПАРТМАН

Понуда

МАЛАГА

ЛЕТО 2025

 

Атрактивна топ дестинација за Лето 2025 - Шпанија СО ЛЕТ  од Скопје!

 Ова лето ќе имате можност  да уживате во прекрасната Малага, медитеранскиот град кој има 320 сончеви денови годишно, богата уметност и неодолива храна. Torremolinos e туристичкото место во кое ќе летуваме, на брегот на Алборанското Море на песочната плажа позната во светот исто како и целиот регион по името „Costa del Sol“. По целата нејзина должина од над 7 километри има преубаво широко шеталиште.  

Сместувањето е во хотелскиот комплекс „Hotel ApartamentosBajondillo“ 4 **** (https://www.bajondillo.com/)      Совршен! Голем, простран, лоциран на самиот морски брег. Сите хотелски апартмани имаат прекрасен поглед на море и се комплетно опремени со мини кујни со фрижидер за самостојно подготвување на лесни оброци, бесплатен Wi-Fi, клима уред, централно греење, сателитска ТВ со национални и меѓународни канали, телефон во собата и сеф (со доплата). Хотелскиот комплекс располага со надворешен базен кој е достапен за користење на гостите во хотелот. Сместувањето е на услуга ноќевање со одличен појадок на шведска маса (можност со доплата да се користи вечера во хотелскиот ресторан).

Torremolinos е местото каде се утрата најубави... Одлично е поврзано со Малага, Севиља,  Гранада и Кордоба... Изобилува со ресторани и продавници. И е предизвик за одмор од соништата!

Сите термини се гарантирани... Резервирани соби во хотелот и авионски билети... Обезбеден трансфер од аеродромот до хотелот и обратно... Претставник од агенцијата за време на Вашиот одмор! Ви останува само уште навреме да резервирате по промотивните цени... Местата се лимитирани и нема можност за проширување на групите!!!

 

 

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

 

- Авионски билет Скопје – Франкфурт - Малага – Франкфурт - Скопје

- Чекиран багаж до 20 кг и рачен багаж до 8 килограми

- Аеродромски такси

- Трансфер аеродром – хотел – аеродром

- 6 ноќевања со појадок на богата шведска маса во Hotel ApartamentosBajondillo“ 4 * (5 ноќевања во последниот термин)

- Лиценциран туристички придружник од агенцијата

 

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

 

- Туристичка такса: 1,5 евра по лице на ден (се плаќа во агенцијата)

- Користење лежалкa на базенот – 3 евра од ден ( се плаќа дирекно во хотелот)

 

 

Начин на плаќање:

 

 

- Промотивната цена се однесува за уплата од 50 % од аранжманот заклучно со 23.01.2025

- Целосна доплата на аранжманот 30 дена пред терминот за поаѓање.

 

Резервација по редовна цена: 30% од аранжманот. Целосна доплата на аранжманот 30 дена пред терминот за поаѓање.

 

Плаќање во денарска противвредност по курс 62 денари.

Контакт информации :