ХОТЕЛ / АПАРТМАН

Понуда

РИМ АВИОН

РИМ за ВЕЛИГДЕН 

 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 4 дена / 3 ноќевања со појадок

  1. Април (сабота)                СКОПЈЕ – РИМ - ВАТИКАН
    Состанок на групата на скопскиот аеродром во 04:25 часот. Лет за Рим W6 4757 во 06:25ч. Пристигнување во Рим во 08:10 часот. Трансфер до хотелот. Попладне факултативна посета на Ватикан, еден од најголемите музејски комплекси во светот каде се изложени многубројни уметнички дела собрани од Римокатоличката црква низ вековите. Основач е папата Јулиј II во 1506г. Посета на Сикстинската капела, Ватиканските музеи, Рафаеловите соби, црквата Св.Петар... По разгледот, препорачуваме прошетка покрај Замокот на Ангелите и преку Мостот на Ангелите до плоштадот Навона, изграден врз темелите на Стадионот на Доминицијан од 1ви век. Познат и како уметничка четврт на Рим, плоштадот Навона е гордоста на барокот на градот Рим со скулптури и архитектонски дела од Џан Лоренцо Бернини и познатата фонтана Fontana dei Quattro Fiumi Ноќевање.
  2. Април (недела)                 РИМ (Панорамски разглед)– ТИВОЛИ
    Појадок.Пешачки панорамски разглед (превоз со метро): разгледот започнува кај триумфалната порта на цар Константин, покрај Колосеумот, по улицата Фиори Империали каде ќе се запознаете со Римскиот форум и историјата на Рим во времето на античкиот и царскиот период. Разгледот продолжува кон плоштадот Кампидољо каде што се наоѓа најпознатиот музеј во Рим, општината на градот и седиштето на градоначалникот, дизајниран од Микеланџело. Продолжуваме покрај плоштадот Венеција, каде се наоѓа гробницата на незнајниот јунак во олтарот дела Патриа и споменикот на Виторио Емануеле II. Прошетка по познатата Виа Дел Корсо (најпознатата шопинг улица), посета на фонтаната di Trevi, пред да продолжите понатаму незаборавајте да фрлите паричка, за да го обезбедите вашето враќање во Вечниот град. Покрај познатите Шпански скали каде се наоѓа познатата фонтана дела Баркача од Бернини, разгледот завршува на плоштадот Пјаца дел Пополо, кој се наоѓа на северната порта на Аурелијанските ѕидини. Слободно време за индивидуални активности. Препорачуваме факултативна посета на прекрасната Villa D’Este и нејзината градина кои се наоѓаат на листата на светското културно наследство под закрила на UNESCO. Со импресивните петстотини фонтани, нимфи, пештери, игри со вода и музика, претставува копиран модел на најпознатите Европски градини во маниристички и барок стил. Враќање во Рим. Ноќевање.
  3. 21. Април (понеделник)       РИМ  -(Римокатоличките базилики и гробот на Св.Кирил)
    Појадок.  Можност за факултативна прошетка низ Рим со метро и посета на катедралата Сан Џовани Латерано, базиликата Санта Марија Маџоре, црквата Сан Пјетро ин Винколи, прошетката продолжува покрај Колосеумот (мала пауза за фотографирање) до црквата Сан Клементе каде ќе ги посетиме капелата и гробот на Св. Кирил... Слободно време за индивидуални активности... Вечерта препорачуваме прошетка низ познатиот боемски кварт Трастевере: Црквата Св.Марија ин Трастевере, посета на единствениот остров на Тибар, каде во минатото се појавила и првата Римска Населба... Ноќевање..
  4. Април (Вторник)               РИМ - СКОПЈЕ
    Појадок (спакуван).Рано наутро трансфер до аеродромот во Римво 05:30ч. Лет за Скопје W6 4758 во 08:40ч. Пристигнување во Скопје во 10:25 часот.


Цена на аранжманот во ПРЕТПРОДАЖБА

Basic       пакет со вклучен 1 разглед                        579 € (35.898,00 мкд)
Superior  
пакет со вклучени 3 разгледи                    664 € (41.168,00 мкд)
Premium пакет со вклучени 4 разгледи                    734 € (45.508,00 мкд)

 
Редовна цена на аранжманот:

Basic       
пакет со вклучен панорамски разглед        619 € (38.378,00 мкд)
Superior  
пакет со вклучени 3 разгледи                    704 € (43.648,00 мкд)
Premium пакет со вклучени 4 разгледи                    774 € (47.988,00 мкд)

 

РАЗГЛЕДИ И ПОСЕТИ - ПАКЕТОТ ВКЛУЧУВА/НЕ ВКЛУЧУВА:

РАЗГЛЕДИ И ПОСЕТИ

BASIC

SUPERIOR

PREMIUM

Организиран пешачки панорамски разглед на Рим (со метро)

Посета на римокатоличките катедрали и гробот на Св.Кирил со вклучена влезница и метро карта.

20€

Посета на Ватикан (со метро): резервација, слушалки, локален водич и влезница.

80€

Посета на Тиволи со јавен превоз, резервација, локален водич, слушалки и влезница во Вила Д'Есте.

80€

80€

                                         
                                                √-вклучено во пакет цената на аранжманот!


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:        
- Авионски превоз на релација: Скопје - Рим - Скопје (со Wizz Air) со вклучени аеродромски такси.
- Сместување во хотел ***  San Marco https://www.hotelsanmarcoroma.com/  на база 3 ноќевања со појадок
- Панорамски разглед на градот Рим со локален водич
- Рачна торба торба (20x40x30cm), до 8кг.
- Oрганизирани трансфери во Рим: аеродром - хотел - аеродром
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:   
- Здравствено - патничко  осигурување околу 220мкд
- Туристичка такса: Хотел 3* - 6€ по лице / ноќевање, се наплатува на рецепција.
- Wizz Priority со голема кабинска торба 55*40*23cm до 10кг
- Пријавен багаж до 20кг – информација во агенција
- Пријавен багаж до 32кг – информација во агенција
- Доплата за седишта еден до друг – информација во агенција
- Доплата за 1/1 соба – 110€
- Билети за превоз со метро 1,5€ по правец / 7€ дневен билет
- Влезници за културно-историските споменици


НАПОМЕНИ:
- За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и Т.А

Достапни Хотели


Контакт информации :