ХОТЕЛ / АПАРТМАН

Понуда

Вила Палаис- Фурка

Прегледај Цени
Куќа „Палаис де Фурка“ е лоцирана на 40-50 метри од прекрасната песочна плажа, во мирниот дел на Фурка, или 5 минути од центарот. Има убаво уреден голем двор со многу зеленило и содржини за деца, сопствен приватен паркинг. Располага со четирикреветни апартмани на приземје, сите опремени со ТВ, клима (вклучена во цената), тоалет, комплетно опремена кујна и големи тераси со поглед кон дворот. Во собите нема пешкири. Координати: 40.003134, 23.383092 Напомени и услови: Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денарска противвредност а по курс 1 евро = 62 мкд. Вонсезонските цени се дадени (објавени) по лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Доплатата за 3 и 4 лице (во зависност од бројот на кревети) е задолжителна. За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума Сезонските цени се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа: За возрасни 3,100 денари (50 евра) За деца до 11,99 години 2.170 денари (40 евра) Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“ (за сите промени патниците ќе бидат навремено информирани) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција кон Македонија е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата. Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот. За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 50% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки. При правење на резервација на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот. Преземањето на собите е од 14-15 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин. Љубезно молиме да се почитуваме и ова правило. ПРЕВОЗ: Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови. Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување. Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување. Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање. Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

Контакт информации :