ХОТЕЛ / АПАРТМАН

Понуда

Будимпешта 3НП ( Виена - Сент Андреа-Естергом - Вишеград) €199,00

Будимпешта 3НП ( Виена - Сент Андреа-Естергом - Вишеград)

€199,00
Будимпешта - Kралица на Дунав, преполна со култура која освојува и заведува, преполна со романтични мостови и широки булевари, улички со калдрма, живописни куќи... Со спојувањето на трите града- Будим, Обуда и Пешта во 1873 год. настанала единствената Будимпешта, денес град со околу 2 милиони жители, административен, културен, научен, трговски и сообраќаен центар на Унгарија. Будимскиот дворец, авенијата Андраши со плоштадот на хероите и Милениумската подземна железница се прогласени за светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Ако сте љубители на уметноста, архитектурата и историјата Будимпешта е вистинскиот избор за Вас.

Термин: 06 Март

1 ден  06.03.2025СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА   Состанок  на групата пред спортската сала Борис Трајковски  во 15.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 15.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.

2 ден   07.03.2025БУДИМПЕШТА  Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамско разгледување на градот : Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата "Св. Стефан", мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата "Св. Матејас", Рибарската тврдина...  Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Сместување во хотел...  Ноќевање.

3 ден   08.03.2025БУДИМПЕШТА –ВИЕНА  Појадок. Препорачуваме  целодневна посета на Виена со попатна пауза во аутлет шопинг центарот PARNDORFF. Панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Враќање во Будимпешта. Предлагаме крстарење со брод  по Дунав . Враќање во хотел. Ноќевање

4 ден   09.03.2025БУДИМПЕШТА  - ЕСТЕРГОМ - ВИШЕГРАД - СЕНТ АНДРЕА   По појадокот следи целодневен факултативен излет до Естергом и Вишеград - некогашните центри на кралска Унгарија. Пристигнување во Естергом - град кој лежи на брегот на Дунав, воедно и природна граница помеѓу Р.Унгарија и Р.Словачка. Разглед на градот со локален водич и посета на Естергомската катедрала која е највисоката црква во Р.Унгарија. Патот продолжува кон Вишеград, каде се наоѓа летната резиденција на кралот Матијас, некогашното кралско седиште на Унгарија. Попладне попатна посета на живописното градче Ст. Андреја - каде се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, музеи, галерии и цркви. Разглед на градот  и слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Враќање во Будимпешта во попладневните часови со можност  за факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови со можност за единствен поглед од вода на најимпозантните објекти во Будим и Пешта .  Враќање во хотел. Ноќевање. Враќање во Будимпешта.  Враќање во хотел. Ноќевање

10 ден    10.03.2025БУДИМПЕШТА  Појадок.По појадокот, одјавување од хотел. Слободен ден во центарот на Будимпешта. Поаѓање за Македонија во попладневните  часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

6 ден  11.03.2025СКОПЈЕ  Планирано пристигнување во Скопје во утринските  часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 28.12.2024:  19/ 12.340 денари

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  239 / 14.820 денари

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 3 ноќевања со појадок во хотел 3* НП во Будимпешта(околина)
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување  350 денари
  • Крстарење по Дунав  25€
  • Посета на Сент Андреа, Естергом и Вишеград  50€
  • Посета на Виена и  OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF  50€
  • Задолжителен разглед на Будимпешта со локален водич  20€

***ПАКЕТ ИЗЛЕТИ – Будимпешта – Крстарење – Виена – Сент Андреа, Естергом Вишеград - 130€

Туристичка такса 560 ден. 

  • Влезници за музеи и културно-историски знаменитости
  • Доплата за избор на седиште 20€
  • Доплата за дополнително седиште 150€
  • Доплата за еднокреветна соба  4.500 денари

 

НАПОМЕНИ:

За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.

  • Пасошот треба да има важност најмалку 3 месеци по истекот на патувањето
  • Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на Т.А.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  •  Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.

 

Достапни Хотели


Контакт информации :