ХОТЕЛ / АПАРТМАН

Понуда

VILA ZORBAS

Прегледај Цени
Вила “Zorbas” се наоѓа на сама плажа во центарот на Неа Флогита. Вилата располага со апартмани со една спална /2+2/, две легла во кујната и брачен кревет во спалната соба во апартманите со една спална. Тесна и долга тераса со страничен поглед кон паркот и рестораните пред плажата, просторна кујна со трепезариска маса. Дуплекс апартман /4+2/ со две одделни спални соби со директен поглед кон плажа и море со голема кујна со трепезариска маса, клуб масичка и голема аголна тераса со директе поглед на море и се комплетно опремени со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер..), тоалет, туш, балкон (масичка со столчиња), телевизор, гардеробер, клима и интернет - бесплатни. Апартманите се наоѓаат на II кат. Апартманите се реновирани и се со добар квалитет на сместување. Гостите со сопствени возила може да паркираат на 20м од вилата. Ви посакуваме пријатен престој. НАПОМЕНА - Цените се дадени по лице за 7 ноќи 8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице во апартман со една спална /2+2/ и 5-то и 6-то лице во дуплекс апартман /4+2/ - БЕСПЛАТНО сместување; - Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цел апартман без вклучен превоз; - Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд. - Во апартман со една спална кај термините со превоз, плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат; - Во дуплекс апартман со две одделни спални, плаќаат минимум 4 лица | 5-то и 6-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат; - Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни - БЕСПЛАТНО; - Поради генерално чистење на апартманите после секоја смена се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот; - Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот; - При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа; - Организиран превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неготино / Гевгелија; - Превозот ги остава/зема патниците на 20м од вилата; - Wi-Fi интернет и клима - БЕСПЛАТНО!! - Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин. ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ - За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин; - За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин); - Доплата за туристичка такса 1.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект); - Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште); - Доплата за патничко осигурување. За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ

Достапни Хотели


Контакт информации :