ХОТЕЛ / АПАРТМАН

Понуда

АПАРТМАН СТЕЛА

Вила СТЕЛА е лоцирана во близина на игралиштето на Неа Флогита 50 метри од плажа, со поглед на мореАпартманот е 6-креветен на први спрат. Располага со 2 простории. Спална соба со брачен и единечен кревет од која се излегува на тераса, купатило, дневна соба со три единечни кревети, во истата просторија е кујната - опремена со голем фрижидер и шпорет со релна и тераса со поглед на море. Климата и ТВ се во дневната просторија.

Користење на клима уредот е вклучено во цената.

Туристичката такса се плаќа во агенцијата - 2 од ноќ.

GPS координати : 40.25702, 23.22285

 

За резервација до 31.12.2024 – 15% на термините во мај, јуни и септември

За резервација до 31.01.2025 – 10% на термините со мај, јуни и септември

Уплата 50% веднаш и 50% - 14 дена пред поаѓање

 

Цените се за наем на апартман

Термини

Бр. ноќевања

1/6 Апартман

24.05.2025

7

170 промо

31.05.2025

7

250

07.06.2025

7

350

14.06.2025

7

450

21.06.2025

7

550

28.06.2025

7

600

05.07.2025

7

700

12.07.2025

7

750

19.07.2024

7

750

26.07.2025

7

780

02.08.2025

7

780

09.08.2025

7

750

16.08.2025

7

750

23.08.2025

7

600

30.08.2025

7

550

06.09.2025

7

460

13.09.2025

7

350

20.09.2025

7

200


Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари.

  • За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин, попустите не се комбинираат.

     

Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:

  • За возрасни 2.790 мкд. (45евра)

  • За деца до 12 години 2170 мкд. (35 евра)

  • Деца до 2 години бесплатно, без седиште

 

 

Услови под кои важи аранжманот:

  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.

  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.

  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.

  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман

    За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот..

  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Користењето на клима-уред, интернет е вклучено во цената.

  • Т.А.  не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда

  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. и на самата агенција.

 

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и ТА.

Контакт информации :