ХОТЕЛ / АПАРТМАН

Понуда

ХОТЕЛ БЕЛА ЈЕЛА **** Луковска Бања

   Луковска Бања се наоѓа на југот на Србија, на источните падини на планината Копаоник. Иако е сместена на надморска височина од 681 м, што ја прави највисока бања во Србија, опкружена е со планини и висови повисоки од 1000 метри, што овозможува блага умерена клима. Луковска Бања е позната по изобилството на извори на минерални води, недопрената природа на шумските падини на планината Копаоник и кристално чистиот воздух. Според бројот на извори на минерални води, со различен состав и температура и нивната издашност (над 100 л/с), Луковска Бања спаѓа меѓу најбогатите бањи во Србија.

Според анализата на Институтот за хидрогеологија, како и препораките на Балнеолошкиот институт при Медицинскиот факултет во Белград, поставени се следните индикации за лекување:

  • Воспалителен ревматизам
  • Дегенеративен ревматизам
  • Остеопороза
  • Гихт
  • Состојби по скршеници на коски и хируршки интервенции на коскено-зглобниот систем
  • Гинеколошки заболувања
 

ЦЕНОВНИК ЗА 2024 ГОДИНА

 
  01.01-31.03.2024 01.04-30.04.2024 01.05-30.06.2024 01.06-30.09.2024 01.10-31.12.2024
Основен BO ден
63€
64€
65€
68€
63€
BO ден EXTRA 78€ 79€
80€
83€
78€
Цените се дадени по лице дневно на база полн пансион во двокреветни Стандард соби.
 
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
  • Доплата за еднокреветна соба: 13 € дневно.
  • Доплата за апартман: 13 € по лице дневно.
  • Доплата за LUX апартман: 13 € по лице дневно.

Услови за деца:
  • До 5 години престојуваат бесплатно,
  • Од 5-10 години: 50% од наведените цени,
  • 10 и повеќе години: плаќаат полна цена за престој.
 
Наведените цени не се валидни за време на празниците во Србија:
01.01.-09.01.2024
14.02.-19.02.2024
30.04.-06.05.2024
08.11.-13.11.2024 
25.12.-31.12.2024
во овие денови важат посебни празнични пакети.
 
Основен BO ден подразбира престој од 2 и повеќе дена
BO ден екстра подразбира престој од 5 и повеќе дена 
 
Основен BO ден подразбира:
  • Сместување во двокреветни Стандард соби (ТВ, минибар, бањарки, фенови за коса),
  • Лекарски прегледи кај дежурни лекари;
  • Балнеотерапија: капење во лековита вода (внатрешни џакузи базени, надворешни базени, „вирови“ во Горна Бања – места на природно извирање на термална вода), хидрокинезитерапија (групни вежби во базен со лековита вода);
  • Секојдневно користење на Велнес центарот: финска сауна, био сауна, парна бања, солена соба, тепидариум;
  • Секојдневно користење на сала за забава и рекреација, теретана и спортски терени;
  • Секојдневно користење на детска игротека;
  • Анимациска програма со терапевт-рекреатор: групни вежби во фитнес сала и на отворено, прошетки низ околината;
  • Исхрана на база на полупансион (појадок и вечера), шведска маса за двата оброка;
  • WiFi интернет;
  • Туристичка такса.

BO ден екстра подразбира: основен BO ден + четири терапии дневно (се спроведуваат секојдневно, и за време на викенди и празници):
  • Хидромасажа во лековита вода (бисерна бања);
  • Апликација на лековита кал (до 2 апликации);
  • Електротерапија (дијадинамик, интерферентни струи, TENS, солукс ламба, стимулатор за мускули);
  • Рачна масажа – сегментна, во траење од 10 минути.
 

Контакт информации :