ХОТЕЛ / АПАРТМАН

Понуда

HOTEL PLANINKA - КУРШУМЛИСКА БАЊА

Куршумлиска Бања е сместена на околу 450 м надморска височина, во котлината на реката Бањска. Се наоѓа на 272 км од Белград, 73 км од Ниш, 78 км од Крушевац и 11 км од Куршумлија.

        Куршумлиска Бања е позната по широкиот спектар на различни термоминерални води чии температури се движат од 14°C до завидни 67°C. Термоминералната вода која се користи во медицинскиот блок на хотелот "Планинка" и базените припаѓа на категоријата високо минерализирани, слабо-кисел натриум, хидрокарбонатни хипертеми. На гостите, во рамките на лекувањето, им е достапна и лековитата кал, направена во комбинација со термалната бањска вода, чиј изразен терапевтски ефект благотворно делува на ревматски заболувања.

       Благодарение на уникатните карактеристики на термоминералните води, балнеолошките сознанија и медицинските истражувања, утврдени се следните индикации за лекување во Куршумлиска Бања:
  • Воспалителен ревматизам: ревматоиден артритис (фаза на ремисија), Бехтерева болест (почетен стадиум)
  • Дегенеративен ревматизам: спондилоза (осификација) на вратниот и лумбалниот дел од ‘рбетот, дискарртроза, дискус хернија со или без радикулопатија (пр. лумбоишијалгија, цервикобрахијалгија), гонартроза, коксартроза, остеоартроза на мали зглобови на рацете и нозете
  • Екстраартикуларен (вонзглобен) ревматизам: фиброзитис, тендинитис, бурзитис, епикондилитис („тениски“ и „голферски“ лакт)
  • Метаболички болести на зглобовите и коските: остеопороза, гихт
  • Сите видови спортски повреди
  • Состојби по скршеници на коски и хируршки интервенции на коскено-зглобниот систем (состојби по вградување на вештачки колкови и колена).
 
ЦЕНОВНИК ЗА СЕЗОНА 2024
 
Престој во период: Јануари - Фебруари Март - Декември
Wellness ден 59 € 69 €
Медицински ден 67 € 78 €
Наведените цени не се валидни за време на празниците во Србија:
01.01.-09.01.2024
14.02.-19.02.2024
30.04.-06.05.2024
08.11.-13.11.2024 
25.12.-31.12.2024
во овие денови важат посебни празнични пакети
 

Wellness ден подразбира:
  • Лекарски прегледи кај дежурни лекари за време на престојот;
  • Здравствена контрола од лекар: 24-часовна лекарска служба во хотелот,  изработка на отпусна листа;
  • Сместување во стандардна двокреветна соба
  • Исхрана на база полупансион (појадок и вечера, шведска маса)
  • Користење на отворен и затворен базен и детски базени
  • Користење на сала за забава (пинг-понг, билијард)
  • Користење на теретана
  • Користење на детска игротека
❖ Користење на велнес центар „Бањска“
  1. Комплекс од 8 базени со термална вода
  2. Сауна
  3. Солена соба
  4. Парна бања
  5. Ладна пештера
  6. Тепидариуми
  7. Кнеип патека
  8. Соба за релаксација
  • Туристичка такса и осигурување
 
Медицински ден подразбира велнес ден + 4 терапии дневно
  • Електротерапија (дијадинамик, интерферентни струи, TENS, стимулатор за  мускули, солукс ламба)
  • Хидромасажа во лековита вода (бисерна бања)
  • Апликација на лековита кал (до две апликации)
  • Хидрокинезитерапија
❖ Сите терапии се спроведуваат по препорака на лекар и по лекарски преглед
❖ Терапиите ги одредува бањскиот лекар според индикациите, а се изведуваат секојдневно, вклучувајќи викенди и празници
 
 
 
ДОПЛАТИ
  • Еднокреветна соба: 9 € дневно.
  • Престој во комфорт соби: 5 € по лице дневно.
  • Престој во апартман: 9 € по лице дневно.
  • Деца до 7 години престојуваат бесплатно, од 7-10 години плаќаат 50% од наведените цени со придружба на две возрасни лица.

Контакт информации :