Постарата вила се состои од апартмани на прв кат и сите имаат директен поглед на морето низ зеленилото. Вилата се наоѓа веднаш до плажата (оддалечена околу 40 метри), во самиот центар и на главното шеталиште. Четирикреветните дуплекс апартмани содржат добро опремена кујна (голем фрижидер со замрзнувач, шпорет со фурна...), две спални соби со два стандардни кревети и брачен кревет, бањи со туш кабина и големи покриени тераси со седење. Големината на станот е околу 35 метри квадратни + тераса. Апартманите се опремени со клима (вклучена во цената), wi-fi интернет и ТВ во една спална соба и мрежа за комарци. Villa Shark е категорија Б, нема крпи и нема можност за паркирање.