ХОТЕЛ / АПАРТМАН

Понуда

MORFEUS - HANIOTI

Вила во која сопствениците внимаваат на секој детал, ја одржуваат исклучително добро и се грижат за беспрекорната чистота и уживање на гостите во мир и тишина. Се наоѓа во новиот дел на одморалиштето, на околу 200 метри од градскиот плоштад. Во непосредна близина има голем супермаркет Масутис, спортски терени, како и игралиште за деца. Вилата Морфеус, е на околу 380 метри од плажата, а во склоп на вилата има тревна градина со медитерански цвеќиња и фонтана, рецепција со лоби и бар. Студијата се идеални за семејства со деца, но и за парови и млади луѓе. Двокреветни, двокреветни + 2 и трокреветни студија се наоѓаат на приземје со директен пристап до градината, на први и втори кат и се состојат од голем простор во кој има опремена кујна, два поврзани кревети. и тросед кој може да се отвара (за возрасен и дете или две деца до 12 години), бањи и големи тераси со седење. Сите студија се опремени со клима (вклучена во цената 24.07. - 18.08., во останатите периоди се доплаќа на лице место (опција), 6 еур на ден по студио), LED ТВ 28 инчи (RTS) и wi- fi Интернет ( со доплата на лице место (опција) 2 евра на ден). Големината на студиото е околу 25 метри квадратни + тераса. Вилата Морфеус е од висока А категорија и нема сопствен паркинг, но во непосредна близина има голем бесплатен паркинг. Секоја година се прави нешто ново во вилата и се инвестираат средства за одржување и подобрување на квалитетот (делумно реновирање на студиото и бањата: инсталирани стаклени туш кабини и сменети врати од бањата, нови телевизори, кревети (со ортопедски душеци), комплетни садови, постелнина, перници и ќебиња, мебел за седење на тераса...). Поставена е и дополнителна пумпа за притисок на вода, за во текот на сезоната да нема недостаток на вода во попладневните и вечерните часови. Вила Морфеус ги обезбедува сите услови за САБРА, 100% ОДМОР. Се препорачува за оние кои го сакаат најдоброто.

Достапни Хотели


Контакт информации :