Вилата Маријана (А и Б) се состои од две постари, делумно реновирани вили, во прекрасен медитерански амбиент, опкружен со цвеќиња и палми. Сместени се во двор со градина, изолиран од бучавата, во непосредна близина на центарот, на околу 50 - 80 метри од плажата, во најубавиот дел на Пефкохори. Двокреветни и трокреветни студија се на високо приземје и на кат. Тие содржат малку посебна опремена кујна, простор за спиење со француски и стандарден кревет или три стандардни кревети, мал плакар, бања и прекрасна тераса со седење. Маријана Б беше дополнително реновирана во 2022 година, кога беа поставени нови кујни и сменети креветите. Сите студија се опремени со wi-fi интернет, ТВ и клима (се доплаќа на лице место (опции) 7 евра на ден по студио). Големината на студиото е околу 20 метри квадратни + тераса. Вилата Маријана А е категорија Б и Маријана Б е категорија Б+, немаат крпи и имаат можност за сопствен паркинг.
За информации за цени јавете се во агенција.