ХОТЕЛ / АПАРТМАН

Понуда

БУДИМПЕШТА - СЕНТ АНДРЕА

Божиќните базари во Будимпешта од година на година стануваат се популарни, доказ за тоа е дека во 2019-та година беше прогласен за најдобар
Christmas Маркет во Европа. Ако не сте го посетиле Будимпешта за време на Christmas Market, ова е иделна можност за вас

 

Цена на аранжманот: 189 евра / 11.718мкд по лице

Промо цена за резервации до 31.10.2024: 159 евра / 9.858мкд по лице

 

Програма

Состанок на групата спроти поранешен хотел Бристол (на коцката) во 17.00 часот. Поаѓање за Будимпешта во 17.30 часот. Се патува преку Србија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Панорамско разгледување на градот: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, Црквата „Св. Стефан“, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата „Св. Матејас“, Рибарската тврдина... Сместување во хотел. Вечерта, факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови. Ноќевање.
Појадок. Moжност за факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое  се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, и кое е богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Слободно време за индивидуални активности. Вечерта, факултативно вечера во национален ресторан – традиционална унгарска Чарда, со фолклорна и музичка програма и специјалитети од унгарската кујна. Ноќевање.
Појадок. Индивидуално слободно време за прошетка низ центарот на градот или по познатата улица Ваци или посета на зоолошка градина. Тргнување за Скопје во пладневните часови. Се патува преку Србија, со куси попатни паузи. Ноќно возење. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни  часови наредниот ден.
 

Што е вклучено:

  • Превоз на дадената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Будимпешта
  • Организација и водство на патувањето

Не е вклучено:

  • Задолжителен разглед на Будимпешта со водич - 10 еур
  • Факултативно крстарење по Дунав со чаша шампањ - 20 еур
  • Факултативна посета на Сент Андреа - 20 еур.
  • Факултативна вечера во национален ресторан ,,Чарда'' - 35 еур.
  • Влезници за музеите и културно-историските споменици.
  • Туристичка такса 5 евра по лице (се плаќа во автобус).
  • ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ (Разглед Будимпешта, Крстарење по Дунав и Посета на Сент Андреа) - 45 евра
  • Патничко осигурување (200мкд)
  • Индивидуални трошоци
 
 
 
  • Доплата за 1/1 соба 2.900 денари.
  • Доплата за избор на седиште во автобус - 10 евра.

 

 

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест.
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација.
  • За ова патување важат Општите Услови за Патување 

Достапни Хотели


Контакт информации :