Дочек на Новата Година во Сараево. Тридневна екскурзија која ќе ви остане во сеќавање, прошетка низ убавините на Босна и Херцеговина. Нашите ноќевања се во Сараево и подгответе се да ги замислите Новогодишните желби под небото на Балканска Швајцарија.
Третиот ден започнува со појадок и во 07:30ч и започнуваме со целодневна екскурзија 😊
Првото место за посета е Титов Бункер во местото Коњиц.
Групата ќе има можност да го посети местото Јабланица каде била одиграна Битката на Неретва 1943 год. позната како “Bitka za Ranjenike” која била 4-та непријателска офанзива на НОВЈ.
Исто така овде е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“ 1969 год..
По посетата групата се упатува кон Врело Буна, се посетува втор најголем извор во Босна, кадешто извира вода од 40,000 л во секунда. Слободно време во договор со водич.
Во договорено време поаѓање кон Мостар. Разгледот на градот е со локален водич.
Голем дел од туристите доаѓаат во Мостар за да го видат мостот, но Мостар има многу повеќе за истражување.
Безброј, продавници, сувенирници богати со бакарни предмети каде што можете да си купите сет за кафе или карактеристични локални сувенири или пак килими за вашиот дом, сето ова е лоцирано на Кујунџилук улицата.
Ова е интересна улица (со калдрма) за прошетка, ако сте за шопинг можете да поминете часови овде.
Во Мостар има кварт каде објектите се со шарени фасади што потсеќа на населбата Балат во Истанбул. Го нарекуват ‘’Мостарскиот Балат”.
Разгледот завршува под ,,Стари мост” и овој мост е симбол на градот.
Слободно време околу 3 часа.
Враќање во Сараево.
Дочек на Нова 2025-та Година на плоштадот.
Ноќевање.
По појадокот во хотел, групата се упатува кон Босанските пирамиди.
Пред повеќе од 10 години, во Босна беше пронајдено големо откритие кое го шокираше светот , особено историчарите и археолозите.
Босанските Пирамиди беа пронајдени од страна на Др.Семир Османгич и тие го дигнаа во врвот на неговата кариера. Босанските пирамиди се наоѓаат во близина на градот Високо, а според најновите истражувања датираат од предбиблиската историја.
Најголемата пирамида е пирамидата на Сонцето и е прва од тој вид во Европа, додека пак пирамидата на Месечината и пирамидата на Босанскиот Змеј, се значително помали.
Под пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино езеро. Езерото содржи чиста, стерилна вода, без бактерии, алги, печурки, микроорганизми, животни, мов и кал.
Ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува телото.
Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат.
Покажано е дека просториите под пирамидите имаат лекувачки моќи поради големото ниво на јонизација.
* Вишеград, прекрасен град каде туристите имаат можност да уплатат за крстарење по Дрина и да се запознаат со природните и историски убавини на градот, да ги слушнат легендата за близнаците Стоја и Остоја како и легендата за невестата Фата.
Групата го посетува симболот на градот а тоа е познатиот мост кој е изграден од Мехмед Паша Соколовиќ,а кој е под заштита на UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“.
Во Вишеград ќе имате можност да го посетите Aндриќград исто така познат како и камен град кој инвеститор за тоа е познатиот тенисер Новак Џоковиќ.
Како културен центар изграден е по иницијатива на Емир Кустурица а за туристи официјално е отворен во 2012 година. Слободно време за прошетка
Патниците кои нема да ги посетат пирамидите имаат слободно време во хотел со тоа што по враќање од пирамидите ќе бидат земени од хотел и се продолжува кон Вишеград.
Слободно време за ручек и заминување кон Македонија.
Пристигнување во раните утрински часови.
Сместувањето е во хотел 3* со вклучен појадок на база на шведска маса.
Името на хотелот патниците го дознаваат 2 дена пред поаѓање.