ХОТЕЛ / АПАРТМАН

Понуда

Mai Apartments

Прегледај Цени

Нашата најпопуларна локација за минатата сезона – Mai luxury apartments – комплетно нови луксузни апартмани во Полихроно, Грција. Оваа прекрасна вила е сместена само на 50 метри од плажа, нудејќи неверојатна комбинација на комфор и природна убавина. Луксузно дизајниран и опремен овој објект е идеален за вашето опуштање и задоволство.

Локација: Се наоѓа на само 50м. од плажа, во непосредна близина на центарот.

Сместување: Високо приземје и прв кат: трикреветни ,четирикреветни и петкреветни  студиa.

  • Студио 1/2+1– еден брачен кревет, опремена кујна со дополнително легло (фотелја на спуштање), ТВ, бања, тераса.
  • Студио 1/3+1– еден брачен кревет, еден единечен кревет, опремена кујна со  дополнително легло (кревет на спуштање), ТВ, бања, тераса.
  • Студио 1/3+2– еден брачен кревет, еден единечен кревет, опремена кујна со   дополнителни легла (фотелја на спуштање и кауч (должина 160cm), ТВ, бања, тераса.
  • Клима уредот е вклучен во цената.
  • Пешкири и хигиенски средства  нема во сместувачките капацитети.
  • Во склоп на објектот има WI-FI интернет (за брзината и јачината на сигналот, Агенцијата не може да Ви гарантира со сигурност). 

Задожолжителна доплата за туристичка такса 1,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот).

Превозот се доплаќа

  Повратен превоз Еден правец
Возрасен  45€ 35€
Деца од 02-12 год. 35€ 25€
Деца до 2 год. Бесплатно (без седиште) Бесплатно (без седиште)
  • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
  • Превозот ги симнува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус,
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.
  • Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 € по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

Контакт информации :