ХОТЕЛ / АПАРТМАН

Понуда

Musala (Ex. Yanakiev) 4*

Клуб хотелот „Јанакиев“ со четири ѕвезди е еден од најновите и најудобните хотели во планинското одморалиште Боровец. Неговото уникатно место, токму на скијачката патека и околната шума полна со стари смреки и елки прави да се чувствувате неверојатнo спокојство. Бројот на капацитети кои хотелот ги нуди на своите клиенти, како што се модерно опремен ски центар, базен со совршен поглед кон скијачката патека, СПА центар и многу други, ќе го направат вашиот одмор незаборавно искуство. Насмевките, нежната и внимателна услуга на нашиот персонал ќе направат нашите клиенти да се чувствуваат единствени. Сите соби се опремени со балкони со прекрасен поглед или кон планината или кон центарот на одморалиштето. СПА центарот се наоѓа на приземје и на мезанин. Има парна бања, лакониум, сауна, ледено катче и голем оддел за разни видови масажи. Базенот е уникатно сместен на нивото на скијачката патека која поминува покрај хотелот. Пливачите на хотелот можaт да уживаат во глетката на скијачите на патеката. Ски центарот на хотелот има сосема нови модерни скии и ски чизми и може да ги опслужува сите гости на хотелот. Од ресторанот е прикажан прекрасен поглед кон скијачките патеки на одморалиштето. Лоби барот и вечерниот пијано-бар нудат убава атмосфера и топлина за часовите по активниот спорт.

Контакт информации :