ХОТЕЛ / АПАРТМАН

Понуда

Hotel Zara 4*

Под снежниот врв Тодорка - едно од најромантичните и најубавите места во Бугарија ќе го најдете сосема новиот хотел со четири ѕвездички Зара. Хотел Зара се наоѓа на 400 m од кабинскиот лифт и 500 m од центарот на Банско. Достапен е бесплатен превоз од хотелот до станицата за лифт. Луксузниот хотел со четири ѕвезди ќе ви понуди незаборавен одмор во скијачката престолнина на Балканот - Банско. Хотел Зара ќе ве освои со луксузот и удобноста на своите 89 стандардни и луксузни соби како и апартманите со една спална соба. Собите се целосно опремени по највисоки стандарди и ќе ги задоволат вашите барања за пријатен и незаборавен престој. Новиот хотел нуди модерен и простран Спа центар каде различните процедури ќе ви донесат уникатно чувство на уживање и релаксација. Има базен со џакузи и детски дел, парна бања, суна, турска бања и салон за убавина. Детското игралиште нуди услуги на професионални аниматори за децата и нивните родители. Пријателската и пријатна атмосфера на ресторанот и лоби барот ќе направат да се чувствувате удобно додека добивате врвна услуга. Во игротеката има билијард и детски игри. Хотелот располага со практична гардероба за скијање. За одржување на различни настани Хотел Зара нуди комплетно опремена конференциска сала со дневна светлина. 

Достапни Хотели


Контакт информации :